Дигитал Фото Студио 5 е реномиран и Ваш долгогодишен пријател во светот на фотографијата. Нашите заложби се во цел да излеземе во пресрет на Вашите желби и потреби за квалитет и професионалност.
Почнавме со работа од 1985. Од година во година, вложувањето и развојот се наш приоритет. Може да се каже дека последните десет години вртиме една целосно нова страница на нашата дејност. Компјутерите се дел од нашите домови, училишта, работни места, … дигиталните фотоапарати и камери ги заменија класичните фотоапарати со филм и видео камери и истите ги користиме секој ден во се поголем број. Со нивниот развој се развива и технологијата за изработка на дигиталната фотографија и видео, со која може да се изработуваат фотографии со врвен квалитет од сите Ваши донесени медиуми.
Вашите снимени фотографии може да ги донесете на мемориски картички, CD, USB, Flash, негатив и истите ќе бидат изработени со најдобар квалитет и димензии до формат 30×90 cm. Сите видови семејни веселби, презентации, семинари…ги снимаме и монтираме со професионална опрема.
Нашето фото студио со желбa за што подобар квалитет на фотографиите однеодамна ја користи во Македонија единствената и високопрофесионалната машина за изработка на фотогафии Frontier LP-7500.
Со задоволство ќе Ви ги презентираме сите поволности кои можете да ги добиете доколку се одлучите за користење на нашите услуги.
Контакт
Адреса
Фото5 – Студио
Дигитал Фото Студио 5
Адреса: Бул. 11 Октомври бр. 23
(до Кјуби Македонија)
1000 Скопје
тел: 02/3222 363 ; 076 432 210
Локација




